Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2012

Репрезентативецот на Мароко Асаиди засилување за Ливерпул

Мароканскиот репрезентативец, дваесет и четиригодишниот Усама Асаиди, е ново засилување за Ливерпул.

Клубот од „Енфилд“ го потврди трансферот на овој крилен напаѓач од холандскиот прволигаш Херенвен на својата интернет страница, а деталите од договорот сè уште не се познати, но се шпекулира дека се работи за трансфер вреден околу шест милиони евра.
Асаиди е играч на Херенвен од 2009 година и оттогаш за холандскиот клуб настапи на 68 првенствени натпревари и постигна 20 голови. Деби за репрезентацијата на Мароко имаше во февруари 2011 година и собра 22 настапи.
По овој трансфер Мароканецот е трето засилување за Ливерпул под водство на новиот менаџер Брендан Роџерс. Претходно „црвените“ го доведоа италијанскиот напаѓач Фабио Борини од Рома и велшкиот фудбалер од средниот ред, Џо Ален, кој дојде од Свонск.
Роџерс по комплетирањето на трансферот на Мароканецот изјави дека се надева во следните 48 часа Ливерпул ќе доведе уште двајца нови фудбалери.

Најнови вести