13.2.2014 Матавж направи трансфер во Рубин од Казањ
Тим Матавж, репрезентативецот на Словенија, ги напушти редовите на ПСВ од Ајндховен и кариерата ќе ја продолжи во Рубин од Казањ.
Матавж во ПСВ дојде во 2011 година од Гронинген, но во оваа сезона не беше во прв план кај тренерот Филип Коку.
„Коку е уверен дека ПСВ има доволно напаѓачи, иако повеќе сакаше Матавж налето да го напушти клубот“, изјави Марсел Брандс, техничкиот директор на ПСВ, за интернет-страницата на клубот.
Матавж во досегашниот дел од сезоната на 15 натпревари постигна четири голови.
За репрезентацијата на Словенија настапи 27 пати и постигна 10 погодоци.