Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2012

И Рондон ја напушти Малага

Центарфорот од Венецуела, Саломон Рондон, го напушти шпанскиот примералигаш Малага и потпиша за Рубин Казањ, соопшти рускиот клуб на својата интернет страница.

Рондон на 67 натпревари во шпанското првенство постигна 25 гола, а минатата сезона имаше особен удел во пласманот на Малага во Лигата на шампионите откако 11 пати ги затресе противничките мрежи.
Пред доаѓањето во Малага Рондон играше за Лас Палмас, а ова лето беше поврзуван со Јувентус и со Тотенхем. Финансиските услови на трансферот во рускиот клуб не се соопштени.
Малага ова лето поради големи финансиски проблеми продаде неколку фудбалери кои минатата сезона имаа важна улога во тимот, а меѓу нив е и Санти Казрола кој потпиша за Арсенал. Клубот најверојатно ќе го напушти и тренерот Мануел Пелегрини.

Најнови вести