Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2016

Монтела и Пелегрини кандидати за клупата на Милан

По неуспешниот старт на Броки на клупата на Милан, италијанските медиуми посочија двајца кандидати кои ќе го преземат италијанскиот гигант следната сезона - Винченцо Монтела и Мануел Пелегрини.

Италијанските медиуми наведуваат дека постојат само два сериозни кандидати за местото тренер на Милан за следната сезона.
Двајцата во моментов имаат работа, Пелегрини и понатаму е тренер на Манчестер сити, но ќе го напушти на крајот на оваа сезона, а Винченцо Монтела седи на клупата на Сампдорија, и исто така се наведува како можно решение за тренер на Милан на местото на Кристијан Броки, кој го наследи Синиша Михајловиќ.
Броки, сепак, не импресионираше, па се многу мали шансите да ја задржи работата за следната сезона.
Галијани утре најверојатно ќе отпатува во Мадрид да го гледа натпреварот меѓу Реал и Манчестер во полуфиналето во Лигата на шампионите, а се верува дека причината е состанок со Мануел Пелегрини.
Нормално, многу работи ќе зависат од продажбата на Милан додека сопственикот Силвио Берлускони и понатаму е во преговори со кинеските инвеститори.

Најнови вести