Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2016

ЛШ: Дебитантот го предизвикува десеткратниот првак

Манчестер Сити, дебитантот во полуфиналето ќе го пречека Реал Мадрид, тимот кој дури 27 пати бил меѓу четирите најдобри и 10 пати го освојуваше трофејот.

Од една страна е тимот кој оваа сезона сите карти ги фрли на Лигата на шампионите и кој во четврт-финалето го елиминираше ПСЖ, а од другата страна славниот „кралски клуб“, предводен од фантастичниот Кристијано Роналдо, кој оваа сезона веќе 16 пати беше стрелец во најсилното натпреварување.
„Ќе излеземе на терен со намера да победиме, како што правиме секогаш. Ќе се обидеме да не примиме гол бидејќи тоа ќе биде битно во реваншот, тоа ќе биде голем натпревар“, изјави фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело.
Менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини ја започна „војната на нервите“ со изјавата дека Роналдо не е проблем бидејќи како тренер на Вилјареал, во време додека Португалецот играше за Јунајтед, четири пати го спречи да биде стрелец, а сите четири натпревари беа завршени 0-0. 
„Знам сè за него, знам како да го сопреме“, изјави Пелегрини, кој според последните информации од Островот сè уште не одлучи на кого ќе му ја додели улогата на „полицаец“ на Роналдо, Пабло Забалета или Бакари Сања.
Но, не е само Роналдо закана, Герет Бејл игра фантастично по заздравувањето од повредата и неговиот чувар сигурно ќе има проблеми. Како што стојат работите, таа задача ќе му припадне на Французинот Гаел Клиши, кој можеби и затоа ги пропушти претходните три натпревари во Премиер лигата, а играше Александар Коларов.
„Најважната работа е да постигнеме гол на гости. Многу сме подобри на домашен терен и објективно имаме поголеми шанси. Убеден сум дека доколку го избегнеме поразот во Манчестер одиме понатаму“, порача Бејл.
Реал се соочува со проблеми бидејќи Роналдо и Бензема се мачат со повреди - најавени се во стартната постава, но претходните денови не тренираа. Португалецот го пропушти натпреварот со Рајо Валјекано, а Французинот се повреди токму на тој натпревар.
Во второто полуфинале утре ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Баерн Минхен.

Најнови вести