Корисничко име Лозинка Пријави се
08.7.2014

М’Вила оди во Интер

Францускиот фудбалер Јан М’Вила е следно засилување на Интер од Милано, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер наводно постигнал договор со рускиот Рубин во врска со трансферот на 24-годишниот играч за врска.
М’Вила наводно во Интер ќе дојде на едногодишен заем, а „нераѕурите“ ќе го откупат следното лето.
Французинот во Казањ направи трансфер минатото лето од францускиот Рен за 11 милиони евра, но не постигна ниту еден гол во руската Премиер лига.
Досега одигра 22 натпревари за Франција, но не беше во тимот на Светското првенство.

Најнови вести