Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2013

М’Вила од Рен во Рубин

Јан М’Вила, 22-годишниот француски дефанзивен фудбалер за врска, договори трансфер од Рен во рускиот Рубин Казањ, пишува „Л’Екип“.

Рубин на Рен му исплати оштета од 12 милиони евра, а играчот потпиша договор на четири и пол години. Интерес за М’Вила покажа и Хари Реднап од Квинс парк ренџерс, но понудата на Рубин беше поконкретна и побогата.
Со тоа М’Вила ќе стане трет Французин на работа во Русија, по Флоран Синама-Понгол (Ростов) и Ласана Дијара (Анжи).

Најнови вести