Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2013

Леидсон од Фламенго во Порто, Карлос Едуардо од Рубин во Фламенго

Бразилскиот фудбалски клуб од Рио де Жанеиро, Фламенго, вчера пушти еден играч, а доведе друг.

Искусниот триесет и петгодишен напаѓач, Леидсон да Силва Муниз, кој има португалски пасош, потпиша договор до крајот на сезоната со португалскиот шампион Порто. Леидсон, кој 14 пати го облекол дресот на португалската репрезентација играл за Спортинг Лисабон од 2003 до 2011 година, по што се врати во Бразил и настапуваше за Коринтијанс и Фламенго.
Во спротивен правец, од Европа кон Рио де Жанеиро, патува фудбалерот од средината на теренот, Карлос Едуардо Маркес. Дваесет и петгодишниот играч, кој шестпати го има носено дресот на бразилската репрезентација, со Рубин Казањ има договор до летото 2016 година, а во Фламенго ќе игра како позајмен фудбалер во следните 18 месеци.

Најнови вести