Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2017

Португалија изгуби едно место во Лигата на шампионите

Во сезоната 2018/19 ќе има промена во Лигата на шампионите. Португалија веќе нема да има тројца учесници во Лигата на шампионите.

Португалија досега беше на шестото место според рејтингот на УЕФА кога се гледа клупскиот коефициент, но нејзиното место го зазеде Русија по добрите резултати на тимовите во Лигата на Европа.
Португалците од вчерашниот ден веќе немаат претставник во Европа, бидејќи Порто изгуби од Јувентус, па до крајот на сезоната немаат никакви шанси да ја вратат шестата позиција според коефициентот на УЕФА.
Русија од сезоната 2018/19 добива и трет учесник во Лигата на шампионите, додека Португалија губи еден и ќе има двајца претставници.

 

Најнови вести