Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2013

Филип Коку го презеде ПСВ

Филип Коку е избран за нов тренер на ПСВ Ајндховен на период од четири години, на местото од Дик Адвокат, кој одлучи да не го продолжи договорот.

Коку, кој своевремено играше за ПСВ, и тоа во два наврати, како и за Барселона и за Холандија (101 пат), беше привремен тренер на холандскиот клуб во 2012 година, откако Фред Рутен доби отказ.
Тој нагласи дека ќе се потруди во тимот во иднина да играат фудбалери кои потекнуваат од клубот.
Адвокат, кој го доведе ПСВ до второто место во холандската лига оваа сезона, зад Ајакс, и тоа во првата година од ангажманот, ја заврши соработката со клубот по вчерашниот пораз од 3-1 од Твенте.
„Ова е разочарувачки крај на една разочарувачка сезона“, изјави Адвокат.

Најнови вести