Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2015

Феенорд го отпушти Рутен

Феенорд од Ротердам го отпушти тренерот Фред Рутен поради лошите резултати.

Феенорд изгуби од Цволе со 0-3 и сега се наоѓа на четвртото место на табелата на холандската лига, со што ја пропушти шансата директно да се пласира во Лигата на Европа.
Се чинеше дека екипата од „Де Кајп“ сигурно ќе биде трета, но во последните шест натпревари освои само два бода и падна на четвртото место, зад шампионот ПСВ Ајндховен, Ајакс и АЗ Алкмар.
Рутен требаше да го напушти клубот на крајот на сезоната, но управата одлучи да го отпушти пред почетокот на плејофот во првенството и борбата за место во Лигата на Европа. Него на клупата ќе го замени поранешниот репрезентативец Џовани ван Бронкхорст.
Рутен на почетокот на сезоната потпиша едногодишен договор, а во март Феенорд соопшти дека ќе го наследи Ван Бронкхорст.

Најнови вести