Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2012

Куман на клупата на Феенорд до 2014 година

Роналд Куман потпиша едногодишно продолжение на договорот со актуелниот клуб Феенорд, кој го врзува до летото 2014 година.

Четириесет и деветгодишниот Куман клупата на фудбалерите на Феенорд ја презеде летото 2011 година и во првата сезона екипата ја одведе до второто место во првата холандска лига. Челниците на клубот веруваат дека поранешниот играч на Ајакс и Барселона работата ја врши многу добро, па беа воодушевени што тренерот се согласи да ја продолжи соработката со клубот.
„Од почетокот беше јасно дека ние и Роналд имаме иста работа на ум – продолжување на договорот за една година. Ако двете страни размислуваат исто и се согласуваат со условите, тогаш сè може да биде многу брзо“, рече техничкиот директор на славниот клуб од Ротердам, Мартин ван Гел.
По 15 одиграни кола од актуелната сезона на првата холандска лига Феенорд се наоѓа на петтото место на табелата, со четири бодови заостанување зад лидерот Твенте.

Најнови вести