Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2016

Боласи во Евертон за 30 милиони

Фудбалерот од Конго Јаник Боласи го напушти Кристал Палас и дојде во Евертон за 30 милиони евра, соопшти неговиот нов клуб.

Овој дваесет и седум годишен напаѓач со „карамелите“ потпиша договор до 2021 година.
Боласие долго време беше желба на новиот менаџер на Евертон, Роналд Куман, практично од јуни, но дури сега работата е завршена.
Боласи првиот гол во Премиер лигата го постигна токму на „Гудисон парк“ пред две сезони во дресот на Кристал Палас против Евертон.
Тој на Островот е од 2008 година, а играше уште за Плимут, Барнет и Бристол.

Најнови вести