Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2017

Нов пех за Куман – без половина одбрана за дербито

По повредата на Шемус Колмен, уште еден дефанзивен играч на Евертон ја заврши сезоната.

Колмен во текот на репрезентативната пауза доживеа двократна фрактура на ногата, по лошиот старт на Нил Тејлор, репрезентативецот на Велс.
Куман во наредните шест до дванаесет месеци нема да може да смета на неговите услуги, а уште од претходно се знае дека до декември надвор од редовите ќе биде и Јаник Боласи.
Сега сезоната ја заврши и Аргентинецот Фунес Мори, кој исто така доживеа повреда бранејќи ги боите на неговата репрезентација.
Тој заработи повреда на менискусот, па ќе мора да оди на операција. Периодот за негово закрепнување ќе трае најмалку два месеца, па јасно е дека сезоната и за него е завршена.
На „карамелите“ им претстојат два важни натпревари во Премиер лигата, најпрво го играат популарното дерби на Мерсисајд со градскиот ривал Ливерпул, па потоа силите ќе ги одмерат и со Манчестер јунајтед.

 

Најнови вести