Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2016

Куман: Венгер постојано се жали на судењето

Роналд Куман остро ги прокоментира жалбите на Арсен Венгер за судењето во натпреварот во којшто Евертон го совлада Арсенал со 2-1.

Менаџерот на Арсенал изјави дека судијата Марк Клатенбург не требало да му додели корнер на домаќинот пред победничкиот гол во финишот на натпреварот, а на холандскиот стручњак му досадиле таквите коментари.
„Не сум изненаден од неговите зборови. Ова е трет пат по ред мојата екипа да го победи Арсенал на домашен терен и сите три пати Венгер зборува за судиите. Жал ми е, добивме благодарение на судиите“, иронично изјави Куман.
Арсен Венгер изјави дека е разочаран од одлуката на Клатенбург да досуди корнер, по што Ешли Вилијамс постигна гол во финишот на натпреварот. Французинот смета дека најпознатиот англиски судија имал одлична позиција да процени дека навистина немало корнер.

Најнови вести