Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2016

Сити понуди 50 милиони фунти за Стоунс

Манчестер сити понуди 50 милиони фунти за трансферот на одбранбениот фудбалер на Евертон Џон Стоунс, пренесува „ББЦ“.

Како што се наведува, споменатата сума ќе ги задоволи челниците на клубот од Ливерпул, а остана само уште 22-годишниот играч да ги договори своите лични услови. 
За Стоунс интерес пројави и Челзи, но менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола беше побрз и поконкретен.
„Сините“ минатото лето три пати праќаа понуди на „Гудисон парк“, но Евертон ги одби сите три, последната од 35 милиони .
Тој во 2013 година дојде во Евертон од Барнсли, додека за репрезентацијата на Англија одигра 10 натпревари.
Новиот менаџер на „карамелите“ Роналд Куман наводно веќе нашол замена за него, го сака дефанзивниот играч на Сандерленд Ламина Коне.
Гвардиола по заминувањето во Сити го доведе Нолито, Илкај Гундоган и Александар Зиниченко.

Најнови вести