Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2016

Лоши вести за Куман, Боласи ќе мора да оди на операција

Евертон го снајдоа нови проблеми, еден од најстандардните играчи долго време ќе биде надвор од редовите.

Јаник Боласи, репрезентативецот на Демократската Република Конго, се повреди во текот на натпреварот од 14-тото коло на Премиер лигата со Манчестер јунајтед.
Поранешниот играч на Палас беше еден од најагилните фудбалери на „карамелите“ во првото полувреме од средбата на „Гудисон парк“, која заврши без победник, но во продолжението мораше да ја напушти играта поради повреда.
Првите извештаи за степенот на повредата нема да им се допаднат на навивачите на Евертон. Боласи доживеал тешка повреда на лигаментите на коленото, па поради тоа ќе мора да му биде извршена операција.
Сè уште не е прецизирано колку долго 27-годишниот фудбалер ќе отсуствува од теренот, но сосема е јасно дека во наредните неколку месеци нема да се врати на теренот, па веднаш беше јасно дека ќе мора да оди на операција.
Оваа информација дополнително ја зголемува можноста за трансфер на Мемфис Депај од Манчестер јунајтед на „Гудисон парк“, бидејќи некое време е познато дека Роналд Куман е заинтересиран за соработка со својот сонародник од „Олд Трафорд“, кој е во втор план кај Жозе Мурињо.

Најнови вести