Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2013

Дренте потпиша за Аланија Владикавказ

Ројстон Дренте, 25-годишниот поранешен фудбалер на Реал од Мадрид, е нов член на Аланија од Владикавказ, екипата која се наоѓа на 15-тото место на табелата од руското фудбалско првенство. Потпишаниот договор го врзува до 2016 година.

Дренте во Русија доаѓа како слободен играч без оштета. Последен клуб за којшто играше на заем од Реал беше Евертон кон крајот на минатата сезона.
„Се надеваме дека ќе стане еден од лидерите на екипата. Не го доведовме само поради неговите техники и брзината, туку и поради карактерот“, рече тренерот на Аланија, Валериј Газаев.
Дренте израсна во младинскиот погон на Феенорд, а во 2007 година, по импресивниот настап на Младинското европско првенство, дојде во Реал. Но во шпанскиот клуб не се снајде најдобро, па во два наврати беше испратен на заем, во Хераклес и во Евертон.

Најнови вести