Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2014

Рутен го презема Феенорд

Феенорд соопшти дека Фред Рутен ќе го замени Роналд Куман на клупата на холандскиот клуб следната сезона.

Куман на почетокот на оваа година најави дека нема да го продолжи договорот со Феенорд, кој моментно е на четвртото место на табелата на холандскиот шампионат, а од лидерот Ајакс заостанува со  12 бодови.
Клубот во соопштението наведува дека со Рутен ќе потпише едногодишен договор, додека финансиските детали не се објавени.
Рутен во својата кариера беше тренер на: ПСВ, Витесе и германскиот Шалке.

Најнови вести