Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2014

Куман го напушта Феенорд

Холандскиот фудбалер Роналд Куман соопшти дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот Феенорд.

„Си одам од клубот по три фантастични години поминати во него“, изјави Куман.
Поранешниот холандски интернационалец кормилото на Фееенорд го презеде во 2011 година од Марио Бен.
Куман во текот на играчката кариера беше познат по одличниот шут од дистанца, особено по изведувањето на слободните удари, и важи за еден од најдобрите дефанзивни играчи на сите времиња.
Тој во кариерата ги тренираше: Ајакс, Барселона, ПСВ Ајндховен, АЗ Алкмар и Валенсија, а беше и помошен тренер во каталонската екипа.
Феенорд моментно се наоѓа на четвртото место во холандската лига, со шест бодови помалку од водечкиот Ајакс.

Најнови вести