Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2014

Бруно во Порто, Јанмат во Њукасл

Репрезентативците на Холандија, Бруно Мартинс Инди и Дарил Јанмат ги искористија добрите партии на Мундијалот и обезбедија трансфери во Порто и во Њукасл.

Централниот одбранбен фудбалер на Феенорд, Бруно Мартинс Инди, ќе се пресели во португалскиот гигант во трансфер вреден осум милиони фунти, а ќе потпише договор на четири години.
Неговиот досегашен клупски колега ќе отпатува на Островот. Њукасл за Јанмат издвои пет милиони фунти, а негова задача ќе биде во тимот да го замени Матје Дебиши, кој потпиша договор со Арсенал.
Техничкиот директор на Феенорд, Мартин ван Хел, верува дека трансферот на Мартинс Инди во Порто е вистински потег, а потругалскиот тим предвидува дека за три години ќе го продаде Холанѓанецот во Челзи или Монако.

Најнови вести