29.1.2013 Холанѓанецот Лерој Фер доаѓа во Евертон
Лерој Фер, 23-годишниот холандски фудбалер за врска на Твенте, е ново засилување на англискиот прволигаш Евертон. Клубот од Ливерпул потврди дека е постигнат договор на двете страни.
Англиските медиуми наведуваат дека „карамелите“ за трансферот ќе платат 8,5 милиони евра. Повеќегодишниот договор ќе биде потпишан по завршувањето на лекарските прегледи и усогласувањето на личните услови со управата на Евертон.
Фер е производ на младинската школа на Феенорд, а во Твенте стигна во 2011 година. Во холандскиот клуб собра 29 настапи во Ередивизие и притоа постигна десет голови.
Во дресот на холандската репрезентација Фер досега настапи два пати.