Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2012

Обафеми Мартинс го засили Леванте

Нигерискиот фудбалер Обафеми Мартинс потпиша двегодишен договор со шпанскиот Леванте, откако со меѓусебен договор се раздели со својот досегашен клуб, рускиот Рубин Казањ.

Мартинс за една сезона ќе заработува 600.000 евра, а по прв пат дваесет и седумгодишниот напаѓач ќе игра во шпанската Примера дивизион. Најуспешните денови во својата кариера ги мина во Интер од Милано каде играше од 2001 до 2006 година.
По тој ангажман се пресели во Њукасл, па во Волфсбург, од каде дојде во Рубин Казањ. Додека беше фудбалер на рускиот клуб, кратко време помина како позајмен играч во Бирмингем.

Најнови вести