Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2015

Бејл ќе го пропушти ПСЖ

Герет Бејл, фудбалерот на Реал Мадрид, поради повреда на мускулот на левата нога нема да може да игра на натпреварот од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Како што пренесува спортскиот дневник „АС“, на Велшанецот на лекарските прегледи му била утврдена истата повреда поради која паузираше две седмици во септември.
Бејл во првенствената победа на Реал во саботата против Леванте (3-0) го одигра само првото полувреме и беше заменет откако се пожали на болки.
Отсуството на врвниот играч ќе претставува голем удар за шпанскиот кралски клуб, особено поради тоа што од повредите и понатаму закрепнуваат: Карим Бензема, Џејмс Родригес, Пепе и Даниел Карвахал.
Натпреварот од третото коло на групата А во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Реал Мадрид се игра во Париз, утре од 20.45 часот.

Најнови вести