Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2012

Страмачони со јуниорите кај Рубин

Андреа Страмачони, тренерот на италијанскиот фудбалски клуб Интер, одлучи во резултатски неважната средба од петтото коло на групата Х на Лигата на Европа кај Рубин Казањ да оди со јуниорите.

По четири одиграни кола на Лигата на Европа, и Рубин и Интер осигурија продолжение во натпреварувањето со по десет бодови на своето конто, па тренерот на составот од Милано одлучи во Русија да им даде шанса на младите играчи, а стандардните да ги одмори пред да продолжат натпреварите во Серија А.
„Натпреварот во Рубин е важен за нашите јуниори. Имаме десет играчи коишто се помлади од 21 година и некои сигурно ќе имаат можност да заиграат. Тоа е голема шанса да докажат дека се достојни да бидат повикани за важните натпревари во иднина“, рече Страмачони на конференцијата за новинарите.

Најнови вести