Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2015

Штрајкот на полицијата ги одложува натпреварите во Холандија

Неколку натпревари од првото коло во првенството на Холандија се откажани поради штрајкот на полицијата.

Новата сезона требаше да стартува со дуелот меѓу Херенвен и Де Графшап во петокот, но градоначалникот на Херенвен, Тјерд ван дер Зван, изјави дека натпреварот не може да се одигра бидејќи никој не може да ја гарантира безбедноста.
„Сакавме да играме и навистина е штета, но го разбирам градоначалникот. Првиот натпревар на сезоната секогаш добива посебно медиумско внимание, кое ние и го сакаме, но, за жал, нема да го добиеме“, изјави Ханс Фонк, генералниот директор на Херенвен.
Покрај дуелот меѓу Херенвен и Де Графшап, одложени се и средбите меѓу Цволе и Камбур во сабота, односно меѓу Вилем II и Витесе еден ден подоцна.

Најнови вести