Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2016

Твенте казнет со три бода поради трансферот на Тадиќ

Фудбалскиот клуб Твенте е казнет со одземање на три бодови во холандското првенство поради нерегуларности при трансферот на Душан Тадиќ во Саутхемптон.

Одлуката за казна ја потврди и комисијата за лиценци на Кралската холандска фудбалска асоцијација (КНВБ), бидејќи клубот не ги предал вистинските финансиски документи.
Твенте наводно има предадено документи во кои се наоѓаат погрешни податоци за трансферот на Тадиќ, кои значително влијаат на сумата која се наоѓа во него.
Саутхемптон за Тадиќ летото 2014 година плати 14 милиони евра, според пишувањето на холандските медиуми, а 1,8 милиони била провизијата на менаџерот. Меѓутоа, тој податок е откриен неодамна и го нема никаде во финансиските документи, а тоа е главната причина за одземањето на бодовите.
„Кога неодамна ги повлековме финансиските документи, знаевме дека се големи шансите ова да се случи, но тоа не значи дека тоа нешто ублажи. Особено не на нашите фудбалери и на стручниот штаб, кој од седмица во седмица се борат за секој бод. Мораме да ја прифатиме оваа казна и да дадеме сè од себе Твенте да продолжи по вистинскиот пат“, изјавија од клубот.
Твенте пред одземањето на бодовите го држеше десеттото место со 38 бодови, 33 помалку од водечкиот Ајакс, а сега ќе падне на 14-тото место, две позиции над опасната зона.

Најнови вести