Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2016

Смена во Њукасл, Бенитес доаѓа на местото на Мекларен

Менаџерот на Њукасл Стив Мекларен доби отказ по лошите резултати во Премиер лигата, објави англискиот клуб.

Покрај големите вложувања во јануарскиот преоден рок од 37 милиони евра, Мекларен не успеа да допринесе за успесите, па Њукасл девет кола пред крајот на сезоната се наоѓа на претпоследното место на табелата.
Управата на клубот, не можеше да му прости на англискиот стручњак за поразот на домашен терен од Борнмут со 3-1 минатиот викенд.
Шпанскиот фудбалски тренер Рафаел Бенитес потпиша тригодишен договор со Њукасл, беше потврдено на интернет страницата на клубот.
Бенитес порано меѓу останатите тимови, ги водеше Валенсија, Ливерпул, Интер, Челзи, Наполи и Реал Мадрид.
Тој ќе се обиде да го обезбеди опстанокот на Њукасл, бидејќи екипата се наоѓа на 19-тото место и заостанува со бод зад Сандерленд, а во следното коло му гостуваат на лидерот Лестер.

Најнови вести