Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2016

Мојс фаворит за клупата на Њукасл

Англиските медиуми шпекулираат дека Дејвид Мојс може да го преземе Њукасл во финишот на сезоната.

„Свраките“ се претпоследни на табелата од англиската Премиер лига на девет кола до крајот и заостануваат еден бод од сигурната зона во која е нивниот најголем ривал Сандерленд.
Стив Мекларен во последната година вложи околу 80 милиони фунти на засилувања, но Њукасл победи на само шест натпревари досега и имаат пет порази на последните шест средби, а во следното коло му гостуваат на лидерот Лестер.
Мојс би се вратил во Премиер лигата каде успешно го водеше Евертон, но разочара како наследник на Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед.
Сезоната ја почна во Реал Сосиедад кого минатата година го спаси од испаѓање од Примера, но поради лошите резултати во новото првенство беше отпуштен минатата есен.
Покрај Мојс како потенцијални наследници на Мекларен се спомнуваат и Рафа Бенитес, Брендан Роџерс и Најџел Пирсон.

Најнови вести