Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2015

Твенте му даде отказ на тренерот Шредер

Холандскиот фудбалски клуб Твенте вчера го отпушти тренерот Алфред Шредер поради лошите резултати.

Четириесет и двегодишниот Шредер го презеде Твенте во 2013 година, откако си замина Стив Мекларен.
Твенте во саботата изгуби од Хераклес со 0-2 и екипата по четири кола има само еден бод.
„Управата на Твенте не гледа перспектива во понатамошна соработка со Алфред Шредер. Одлуката ја донесовме врз основа на разочарувачкиот старт на сезоната. Одлуката беше тешка, но неизбежна“, се наведува во соопштението на претседателот на Твенте, Алдо ван дер Лан.

Најнови вести