26.9.2011 Руис: Не чувствувам притисок
Фулам одигра без голови против Вест Бромич, а скапо платениот напаѓач Брајан Руис е сè повеќе критики.
Костариканецот дојде во летниот трансфер-период од Твенте за 10 милиони
фунти, а засега не оправда ни дел од тие пари. Сепак, тој вели дека не чувствува
притисок и дека никаде не му се брза.
„Само ќе давам сè од себе и на натпреварите и на тренинзите и сè ќе си
дојде на свое. Јас сум доволно искусен да не се оптоварувам со критиките“, рече
Руис, кого го поддржа и искусниот голман Марк Шварцер.
„Ова е голема промена за него, јазикот, стилот на игра, стилот на живот.
Нема сомнение дека тој е квалитетен фудбалер и кога-тогаш ќе ни се исплати“,
заклучи австралискиот голман.