Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2012

Отман Бакал три години во Динамо од Москва

Отман Бакал, 27-годишниот холандски играч за врска со мароканско потекло, го напушти ПСВ и се пресели во руската лига.

Следните три сезони Бакал ќе биде фудбалер на Динамо од Москва, но сè уште не се знае под кои финансиски услови.
Иако од 2003 година беше член на ПСВ, Бакал многу често времето го поминуваше на заем, па така, играше за Ден Бош, Ајндховен, Твенте, додека минатата сезона ја помина во Феенорд. Во клубот од Ротердам играше многу добро - во 29 првенствени натпревари постигна девет погодоци.
И покрај тоа, ПСВ не го задржа, со оваа шанса и дефинитивно го пушти да си оди.
Во кариерата Бакал одигра и еден натпревар во репрезентативниот холандски дрес.

Најнови вести