16.11.2015 Наполи без Мертенс до декември
Фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс, ќе направи пауза од две до три седмици поради повредата на задната ложа, пренесува италијанскиот весник „Кориере дел Меџорно“.
Мертенс се повреди во текот на припремите на репрезентацијата на Белгија за пријателскиот натпревар со Италија.
Се очекува овој 28-годишен офанзивец да биде спремен за игра на 13 декември за дерби натпреварот против Рома.
Белгиецот пред Наполи играше за ПСВ, Утрехт, Апелдорн и Гент. За репрезентацијата на Белгија забележа 44 настапи и осум голови.