Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Де Лаурентис негодува: Платив 25 милиони евра за стадион што личи на тоалет

Контроверзниот сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис не е задоволен од темопото и начинот на реконструкција на стадионот во Неапол и на интересен начин го опиша целиот проект

Де Лаурентис кој е сопственик на Наполи, вели дека му е доста од лагите на Атилио Ауричио, човекот задолжен за реконструкцијата на „Сан Паоло“.
„Доста ми е од лагите на Ауричио. Тој треба да ми објасни зошто по цели 8 години процес на реконструкција стадионот се повеќе личи на тоалет. Јас за такво нешто потрошив повеќе од 25 милиони долари“, изјави познатиот филмски продуцент и голем љубител на фудбалот.
Во 2019 година на стадионот „Сан Паоло“ ќе се одржат дел оа натпреварите од летната Универзијада.

 

Најнови вести