Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Белоти се договори со Наполи, се чека „зелено светло“ од Торино

Де Лаурентис му носи големо засилување на Анчелоти за новата сезона

Голгетерот на Торино, Андреа Белоти, се наоѓа пред преселба во редовите на италијанскиот вицешампион Наполи, откако фудбалерот ги договори личните услови со клубот од „Сан Паоло“. Според италијанските медиуми, Белоти се согласил на петгодишна соработка, според која ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.
„Наполитанците“ сега треба да се договорат со Торино за сумата на овој трансфер, засега се понудени 50 милиони евра, но раководството на „биковите“ бара најмалку уште 10 милиони евра за реализација на ангажманот.

Дваесет и четиригодишниот напаѓач минатата сезона имаше клаузула од 100 милиони евра, но неговата цена значително се намали по здобиената повреда на коленото, како и падот на неговата форма.

Најнови вести