Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2018

Првото дерби на Серија А во Неапол, Јувентус на стартот во Верона

Италијанската Серија А го објави распоредот за сезоната 2018/19, која ќе почне на 19-ти август.

Во првото коло на Серија А ќе се сретнат Аталанта и Фрозиноне, Болоња и СПАЛ, бранителот на титулата Јувентус ќе гостува кај Киево, Емполи ќе го дочека Калјари, додека повратникот во елитата Парма на домашен терен ќе се сретне со Удинезе.
Џенова ќе гостува во Милан, Лацио ќе ја дочека екипата на Наполи, Сампдорија ќе ѝ биде домаќин на Фиорентина, Сасуоло на екипата на Интер, додека Рома ќе гостува кај Торино.
Првото големо дерби ќе се игра во второто коло, кога Наполи ќе го дочека Милан, а Јувентус тогаш ќе ѝ биде домаќин на екипата на Лацио.
Јувентус и Наполи ќе се сретнат во седмото коло, кога е и римското градско дерби, додека Интер и Милан ќе играат во деветтото коло.

Најнови вести