Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2012

Гутиерез потпиша за Твенте

Фелипе Гутиерез, репрезентативецот на Чиле, од следната сезона ќе го носи дресот на холандскиот Твенте.

Дваесет и едногодишниот играч од средината на теренот досега настапуваше за Универзидад Католика и важи за еден од најталентираните фудбалери во Јужна Америка.
Гутиерез досега одигра осумдесет и седум натпревари за еден од најпознатите чилеански клубови и постигна дваесет и два гола. За овој клуб дебитираше уште во 2009 година.
Се говори дека овој трансфер бил вреден околу три милиони евра и дека Гутиерез потпишал петгодишен договор со Твенте.

Најнови вести