Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2016

Сампаоли замена за Емери во Севилја

Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, новиот тренер на Севилја ќе биде поранешниот селектор на Чиле, Хорхе Сампаоли.

Се очекува дека Емери во следните денови ќе го финализира својот трансфер во ПСЖ, богатиот шеик Насер Ал-Келаифи го одржа својот збор и ја започна реконструкцијата, па Севилја мора да најде замена. 
Претходните седмици со Севилја беа поврзувани Мануел Пелегрини и Руди Гарсија, но сепак Сампаоли е најдобриот избор.
„Марка“ пишува дека Сампаоли ја прифатил поканата и дека ќе биде именуван за нов тренер штом Емери помине во ПСЖ.
Сампаоли до сега немаше можност да се покаже во европскиот фудбал, но во Јужна Америка ужива големо почитување.
Со Чиле го освои Копа Америка, стигна до четврт-финалето на Светското првенство, а ова ќе биде вистински тест за неговите тренерски квалитети.

Најнови вести