Корисничко име Лозинка Пријави се
25.3.2016

Аргентина го победи Чиле, Перу извлече бод

Фудбалерите на Аргентина го победија Чиле со 2-1 во Сантијаго по пресвртот во натпреварот во петтото коло на јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2018 година.

Перу и Венецуела одиграа нерешено 2-2, а на последната средба се состануваат Бразил и Уругвај.
Аргентина со овој триумф достигна до четвртото место пред Бразил кој има еден натпревар помалку, додека Чиле по вториот пораз по ред падна на шестото место.
Домаќините поведоа во 11-тата минута. По корнерот од заден план Гутиерез топката ја смести во мрежата, а девет минути подоцна изедначи Ди Марија. Поголемиот дел од работата во тој напад ја одработи Банега, успеа да го издржи притисокот на двајцата противнички фудбалери во шеснаесетникот, ја додаде топката кон осамениот фудбалер на ПСЖ, а тој од прва шутираше во подалечниот агол на голманот.
Пресвртот стигна уште во 25-тата минута. По слободниот удар од косо од околу 18 метри, топката од работ на казнениот простор ја исфрли еден од фудбалерите на Чиле, но само до противничкиот играч кој веднаш ја врати топката во шеснаесетникот, во целата гужва Меси успеа да дојде до неа, ја спушти до Меркадо кој од пет метри постигна гол.
Венецуела ја испушти победата во Перу со головите во 32-та и во 57-та минута, гостите стекнаа предност, а изедначувањето пристигна во 61-та минута, кога прецизен беше Гереро. Сепак, Рудијас во четвртата минута од судиското продолжение ја шокираше Венецуела за конечните 2-2.
Венецуела и понатаму не знае за победа во квалификациите, па по првиот освоен бод се наоѓа на дното на табелата, додека Перу го зазема седмото место.

Квалификации за Светско првенство 2018, Јужна Америка:
Боливија – Колумбија 2-3
Еквадор- Парагвај 2-2
Чиле – Аргентина 1-2
Перу – Венецуела 2-2
Бразил – Уругвај

Најнови вести