Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2016

Ди Марија за одмазда на „гаучосите“, Панама за историјата

Синоќа започна натпреварувањето во Групата Д на Копа Америка, а победата на отворањето ја забележаа селекциите на Аргентина и Панама.

„Гаучосите“  предводени од Анхел ди Марија без Лионел Меси го поразија актуелниот шампион Чиле со 2-1 (0-0) додека пак Панама со погодоците на Блас Перес ја совладаа Боливија со резултат од 2-1 (0-0).
Аргентинците во натпреварот со полно темпо успеаја да им се реваншираат на Чилеанците за поразот од минатиот натпревар, иако победата на „Ла Роје“ во претходното финале по пеналите е далеку повредна.
Освен неколку половични шанси и остри стартови, првите 45 минути фудбал во Санта Клара не донесоа многу возбудувања, а по две шанси имаа Маркос Рохо за „гаучосите“, односно Алексис Санчес за Чиле.
Првиот погодок на натпреварот беше постигнат по шест минути во продолжението кога Енер Банега го повлече контра нападот и му даде работа на Ди Марија на работ на казнениот простор, а на крилниот напаѓач на ПСЖ не му беше премногу тешко да го погоди голот на Клаудио Браво. 
Само осум минути подоцна, Ди Марија му се реваншираше на новиот играч на Интер за асистенцијата од речиси иста ситуација, со тоа што Банега имаше среќа бидејќи топката на патот кон аголот погоди еден од дефанзивните играчи на Чиле. 
Сè што успеа да стори актуелниот шампион до крајот беше погодокот на Хосе Педро Фунесалид во третата минута од надополнувањето.
Од друга страна, Панама стигна до важна победа над Боливија, а воедно се запиша и во книгата на рекордите на шампионатот на Јужна Америка.
Панамците станаа прв тим кој ја добија специјалната покана за натпреварувањето, од вкупно осум, а шампионатот го започна со триумф.

Најнови вести