Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2016

Хет-трик на Меси за половина час

Репрезентацијата на Аргентина се пласираше во четврт-финалето на Копа Америка, додека со контроверзна победа Чиле остана во игра за пласман понатаму.

„Гаучосите“ извојуваа победа над Панама со 5-0 за вториот триумф во Групата Д, а јунак на натпреварот беше Лионел Меси.
Напаѓачот на Барселона за прв пат настапи на тлото на САД во официјален натпревар и постигна хет-трик за половина час на теренот.
Меси влезе како резерва во 61-та минута на резултат од 1-0 и со играч повеќе го поразија противникот.
Голови уште постигнаа и Николас Отаменди за водството во седмата минута, и Серхио Агуеро за конечниот резултат во 90-тата минута.
Двоен асистент на натпреварот беше Маркос Рохо, а Аргентина со шест бодови се избори за место во нокаут фазата.
Селекцијата на Чиле успеа да ја совлада репрезентацијата на Боливија со 2-1 и да освои важни три бода во борбата за понатамошен пласман.
Бранителот на титулата имаше помош од судијата кој досуди контроверзен пенал во дополнителното време, а победата во 100 минута ја донесе Артуро Видал.
Водството на Чиле му го донесе играчот заврска на Баерн во првата минута од второто полувреме, но петнаесет минути подоцна репрезентацијата на Боливија изедначи со голот од слободен удар.
Помошниот судија во дополнителното време досуди пенал поради игра со рака на Луис Гутиерез, иако снимката покажува дека фудбалерот на Боливија топката го погодува во рамо.
На Чиле за пласманот во следната фаза на натпреварувањето му е потребен барем реми резултат со Панама во последното коло.

Најнови вести