Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2011

Јансен првото засилување за Ајакс

Новиот холандски фудбалски шампион Ајакс објави дека потпишал двегодишен договор со Тео Јансен, досегашниот играч за врска на Твенте.

Дваесет и деветгодишниот Јансен, познат како специјалист за изведување слободни удари, во неодамна завршената сезона постигна 13 првенствени голови за Твенте и уште шест пати асистираше. Избран е за најдобар играч на холандската лига. Досега забележа пет настапи за репрезентацијата на Холандија.

Висината на оштетата и деталите за договорот на Јансен Ајакс сè уште ги нема објавено.

Клубот од Амстердам, исто така, го потврди доаѓањето на дваесет и едногодишниот јужноафрикански играч за врска Тулани Сереро. Тој потпиша четиригодишен договор, а досега има играно за Ајакс од Кејптаун.

Најнови вести