09.12.2011 Хеселинк се врати во ПСВ
Јан Венегор оф Хеселинк, некогашниот репрезентативец на Холандија, по вторпат во кариерата се одлучи да го облече дресот на ПСВ.
Клубот од Ајндховен соопшти дека потпиша договор со триесет и двегодишниот
напаѓач, кој доаѓа како слободен фудбалер.
Хеселинк минатата сезона ја мина во Рапид од Виена, а со клубот од
Ајндховен потпиша договор до мај 2012 година.
Искусниот напаѓач за холандскиот гигант настапуваше во периодот од 2001 до
2006 година и освои три титули во холандското првенство, и за тоа време на 157
натпревари постигна 73 гола.
„Многу сум среќен што потпишав со ПСВ. Сега сакам само да уживам во
фудбалот“, изјави Хеселинк, кој во кариерата играше и за Твенте, Селтик и Хал.