31.8.2011 Елија го засили Јувентус
Дваесет и четиригодишниот холандски репрезентативец Елјеро Елија го напушти бундеслигашот Хамбургер и му се приклучи на најтрофејниот тим од Италија, Јувентус.
Од редовите на „старата дама“ и официјално е потврдено дека на Хамбургер му
се исплатени девет милиони евра оштета, а со фудбалерот е потпишан
четиригодишен договор.
Пред да бидат извршени медицинските прегледи над фудбалерот, неговата
единствена изјава за италијанските медиуми беше: „Пресреќен сум“.
Црномурниот Холанѓанец игра на позицијата крилен напаѓач, а во кариерата
пред Хамбургер настапуваше и за Ден Хаг и Твенте.