Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2013

Ван Бомел со црвен картон ја заврши кариерата

Марк ван Бомел, еден од најгрубите фудбалери во поновите времиња во европскиот фудбал, успеа да го упропасти и својот последен натпревар откако доби црвен картон по стартот над Душан Тадиќ.

Некогашниот холандски репрезентативец уште во 19-тата минута од средбата меѓу ПСВ и Твенте мораше да го напушти теренот во својот официјално последен натпревар.
Твенте ја доби средбата со резултат 3-1, а Ван Бомел својот 228-ми натпревар во дресот на екипата од Ајндховен го следеше од соблекувалната. ПСВ сезоната ја заврши на втората позиција со седум бодови помалку од шампионот Ајакс.
Ван Бомел оваа сезона на секои 246 минути добиваше јавна опомена, а во текот на кариерата во Барселона, Баерн Минхен, Милан и ПСВ, главно, имаше улога на што погруб начин да ги прекинува акциите на противникот и да ја одзема топката.

Најнови вести