Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2013

Хадли пет години во Тотенхем

Од лондонскиот премиерлигаш Тотенхем соопштија дека екипата ја засилија со крилниот фудбалер од холандскиот Твенте и белгиската репрезентација, 23-годишниот Насер Хадли.

Белгиецот, инаку според потеклото Мароканец, договори петгодишна соработка со клубот од „Вајт харт лејн“. На неговиот досегашен клуб ќе му биде исплатена оштета од седум милиони фунти.
На соиграчите од репрезентацијата, Муса Дембеле и Јан Вертонген, Хадли ќе им се приклучи на далекуисточната турнеја во Хонгконг веднаш откако ќе ги заврши лекарските прегледи и потпишувањето на договорот.

Најнови вести