Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2012

Твенте го отпушти Андријансе, Мекларен се враќа

Стив Мекларен, поранешниот селектор на Англија, се враќа во холандскиот Твенте, со кого во 2010 година ја освои титулата.

Твенте го промени досегашниот тренер Ко Адријансе, и тоа само по половина година соработка. Иако тимот го остава на третото место, Адријансе во последните месеци имаше многу лош однос со клупските челници, што му донесе отказ.
Првиот тренинг на подготовките за продолжување на првенството ќе го предводи помошникот на Адријансе, Алфред Шредер, а се очекува најдоцна до утре Мекларен да потпише договор.
Поранешниот селектор на „гордиот Албион“ по заминувањето од Твенте зад себе прокнижи две неуспешни епизоди. Најпрвин доби отказ во германскиот Волфсбург, додека, пак, актуелната сезона ја почна во Нотингем форест, но поради лошите резултати во октомври тој мораше да си замине.

Најнови вести