Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2016

Бенитес продолжува со Њукасл

Шпанскиот тренер Рафаел Бенитес ќе остане во Њукасл уште три години, пренесува „Скај Спортс“.

Бенитес на 11-ти март го презема Њукасл, кога го замени Стив Мекларен кој беше отпуштен, но не успеа да го спаси тимот од испаѓање во втората англиска лига, Шампионат.
Како што пренесува „Скај“, се очекува да биде соопштена веста за останувањето на Бенитес на „Сент Џејмс парк“. 
Шпанецот ќе потпише тригодишен договор и ќе добие потполна контрола над трансферите на играчите во летниот и во зимскиот преоден рок.
Се наведува дека главниот скаут Грејем Кар ќе го напушти клубот во следните неколку седмици, бидејќи Бенитес сака да доведе свои соработници.
Исто така на поранешниот тренер на Ливерпул, Челзи и Реал Мадрид ќе му биде дозволено да ги инвестира парите добиени од продажбата на играчите.
Прашањето е кој ќе му остане од носителите на играта од претходната сезона, со оглед дека голем број на играчи ќе може без проблем да пронајдат ангажман во Премиер лигата.

Најнови вести