Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2011

Мекларен нов менаџер на Нотингем форест

Поранешниот селектор на Англија, Стив Мекларен е незначен за нов менаџер на Нотингем форест, а негова главна задача ќе биде клубот да го врати во Премиер лигата.

Мекларен го замени Били Дејвис кој не успеа да го врати Нотингем форест во прволигашкото друштво (беше поразен од Свонси во плејофот). Поранешниот менаџер на Мидлсборо, Твенте и Волфсбург потпиша тригодишен договор, а целта на сите е клубот да се врати на славните патеки од 1979, 1980 и 1981 година, кога Нотингем форест на двапати триумфираше во Купот на европските прваци, а беше и шампион на Англија.
Стив Мекларен по крајот на сезоната беше поврзуван со Астон Вила, но тој се реши да се проба и во втората по ранг англиска лига. На Островот досега работеше како менаџер на Мидлсборо, а беше асистент во Дерби и во Манчестер јунајтед. По отказот од селекторската функција, работеше во Твенте, со кој стигна до шампионската титула, а минатата сезона беше на клупата на Волфсбург, од каде доби отказ.

Најнови вести