Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2011

Бен Арфа среќен што конечно заигра

Хатем Бен Арфа е многу среќен што конечно одигра еден натпревар за својот тим, откако настапи во Лига купот против Нотингем форест.

Францускиот репрезентативец немаше одиграно официјален натпревар уште од 2010 година, кога по стартот на Најџел де Јонг се здоби со двојна фрактура на ногата. Њукасл славеше на тој натпревар со резултат од 4-3.

„Многу сум среќен што повторно сум на терен. Се надевам дека ќе направам големи работи за овој клуб во оваа сезона. Играме одлично во сите натпреварувања и тренерот, очигледно, многу добро нè подготвил за оваа сезона“, изјави поранешниот фудбалер на Марсеј и Лион.

Бен Арфа минатата сезона одигра само четири меча, и тоа не под палката на сегашниот менаџер Ален Пердју, туку под Крис Хотон.

Најнови вести